Еве едно срдечно добредојде на сите посетители на официалниот сајт на Македонскиот Промотерски тим на Mozilla. Ние сме помала група на средношколци (со исклучоци) чија главна цел е да го рашират Mozilla духот во македонските простори.
Едно од главните нешта што не мотивира е тоа што поголем број на почетнички компјутерски корисници го користат Internet Explorer прелистувачот кој доаѓа веќе интсталиран на нивните персонални компјутери, не размислувајќи за можни алтернативи. Според наши податоци, поголем дел од IE корисниците вслушност ја користат верзијата 6 на прелистувачот која е многу несигурна и некомпатабилна со Web 2.0 стандардите.
Токму затоа сме ние тука, да го разгласиме постоењето на избор во сверата на интернет прелитстувачи. И Вам ви го презентираме токму најдобриот Mozilla Firefox 3.5.
Што го прави овој прелистувач толку добар? Дали само преовеличуваме? Па ајде да дознаеме:
Прилагодливост
Тој е единствениот прелистувач со најголема база на додатоци (исто познати како плагини) кои ја зголемуваат неговата ефикасност и удобност, приспособувајќи се за потребите на секој корисник. Дали Вие сте дизајнер, програмер, зависник од социални мрежи, блогер, новинар или едноставен корисник на интернетот, Mozilla Firefox може да ја приспособите токму кон Вашите потреби.
Безбедност
Mozilla Firefox е еден од најбезбедните прелистувачи моментално достапни на пазарот. Со голема друпа на соработници и тестери, сите безбедносни дупки брзо се откриваат и закрепуваат без никаква интервенција на корисникот. Се разбира дека има и додатоци кои ќе ја зголемат таа безбедност како NoScript кој блокира секакви JavaScript наредби на страната, или AdBlock со кој се тргаат тие досадни и неподносливи реклами.
Брзина
Како што се усовршува и напреднува Firefox, така вчитувањето на страниците станува се побрзо и побрзо. Како за споредба, погледнете ја сликата доле:

Има за многу опции да се збори и понатаму, но нема да има доволно место ако продолжам да ги набројувам сите добри страни на Firefox. Затоа едноставно ќе морате сами да го испробате доколку веќе не го користите. За тоа, посетете го линкот на дестана страна од вашиот прозорец, и превземете го инсталациониот фајл преку кој за само неколку секунди ќе можете да го прегледувате интернетот во најнова мода!
Горјан Јовановски