Twitter Квиз


Епа народе, по долго тумачење на темата, дојдов до заклучок дека најинтересен начин „наградната игра„ да се спроведе ќе биде преку популарната мрежа Twitter. Ова е идеата, правилата и наградите.
Доколку некој има некој преглод, слободно нека каже, во спротивно идеме со неа.

  • - Начин на одвивање на квизот:
    Во 10 и 18 часот во текот на денот, почнувајќи од 17.12.2009 во 18 часот, ќе се објауваат прашања во врска со Firefox, Thunderbird и општо Mozilla. Вкупно ќе има 24 прашања поврзани со интересни но делумно непознати факти, затоа сите ќе треба да направат пребарување на интернет за да дојдат до бараниот одговор. Ќе треба да се одговара како @reply на прашањето за да знаеме дека нам ни се обраќате.
    Квизот завршува на 29ти Декември со прашањето во 10 часот, а победниците се прогласуваат истиот или следниот ден.
     Прашањата ќе се означуваат со #mozillakviz и ќе се објавуваат на каналот на Mozilla Македонија на Twitter.

    Секој корисник има право на 1 одговор по тема.

  • - Начин на бодување:
    Откако ќе се добие првиот точен одговор, тој корисник добива 1 поен и прашањето се затвара. Доколку во исти интервал одговорат 2 корисника, и 2та добиваат по 1 бод
  • - Начин на одредување победници:
    Откако сите прашања ќе пројдат, корисниците ќе се бодуваат според бројот на поените кој го имаат освоено.

    Пример @трајче одговорил на 6 прашања, од кој што 3 ги одговорил прв, а другите 3 ги утнал/или не бил прв. Тоа значи дека за првите 3 прашања добива по 1 бод а за останатите ништо не добива. Вкупно има 3 бода.
    Првите 3ца со најмногу бодови ќе добијат награди соодветно на местото.
    Доколку има 2ца со ист број на бодови, се дава екстра прашање за нив дваца во точно одредено време, и се гледа кој побрзо ќе го одговори прашањето.

  • Награди:
    1во Место - Постер + Firefox Пакетче + Маица
    2ро Место - Постер + Firefox Пакетче
    3то Место - Постер

    * пакетчето содржи: торба, беџеви, алки, привезоци, налепници и тетоважи
    ** дизајнот на маицата го бира победникот од понудените маици и броеви
    *** постерите се со слики од Firefox/Thunderbird/Mozilla Dev

Syndicate content