FOSDEM 2010 (05 - 07.02.2010)
За сите оние кои што не се запознаени со FOSDEM, тоа е глобална конференција на девелопери од сите сфери на отворениот софтвер. Конвенцијата се оддржува секоја година во Брисел на универзитетот за информатика. Како и претходните години, Mozilla присуствуваше на овој настан, а Mozilla Македонија им се придружи :)

Еве еден краток опис од 3те дена поминати во Брисел:
Првата вечер бевме сите поканети на пиво во една од најголемите и најпознатите пивници во Брисел: Delirium

Следниот ден после кратка Mozilla Drumbeat сесија во еден од нашите хотели, појдовме за FOSDEM. Бев зачуден од гужвата на која што налетавме. Над 6000 посетители имаше во рок до 2 дена што е ствано голема бројка.
Се прошетавме низ кампусот кој беше полн со штандови од Free Software Foundation, Ubuntu, Debian, Mozilla и други Open Source здруженија. Секако дојдовме и до нашиот штанд.

2та дена на FOSDEM беа во трчање со многу говориу кои сакаш да ги посетиш, а многу малку време. Сепак стигнавме на повеќе места, а саботата вечер можевме да се одмориме со организирана вечера за Mozill-ианците, како и турнири по куглање и пукање со ласери.

Mozilla имаше своја соба каде што се оддржуваа говори, и таа секогаш беше преполна со народ :)

Заклучок? Лудо време поминато со луди луѓе :) Разгледајте ја целата галерија на слики овде.
Firefox роденден во Скопје (09.11.2009)
Слики вредат 1000 пати повеќе од зборови, затоа ќе ве оставам вам да ја разгледате глаеријата од 5от
роденден на Firefox оддржан во Скопје на ФЕИТ Универзитетот :)
Mozilla Camp Europe '09 (03 - 04.10.2009)
Овој викенд во Прага се оддржа втор по ред Mozilla Camp во Европа. Јас ја имав таа можност да присуствувам на настанот кој е посветен на работата и промоцијата на Firefox 3.5. Имаше околку 180 учесници, а целта на кампот е да се запознаат сите локализатори, девелопери, промотери и други помагачи на Mozilla проектот во Европа, како и да се запознаeме со новостите кај Firefox, Fennec, Firebug, Jetpack, новите промоции...

Дводневниот камп се одржа во хотелот „Andel's“, каде што сите бевме сместени. Петокот беше ден за пристигнување, па вечерните часови беа посветени на џез клубови и запознавање.
Во саботата, првиот ден од кампот, бевме сместени во огромна сала каде организаторите и луѓето од Mozilla зборуваа за досегашните проекти и за тоа што е планирано за иднина. Се открија повеќе интересни проекти, како и податоци за користеност на локализационите верзии. Македонија се најде на 30-то место, што е доста добро бидејќи се гледаше само бројот на корисниците, а не и споредба со населението.
Пред конференциските сали имаше голем лист на кој беше обележана целата историја на Mozilla и нејзините проекти. Луѓе ја дополнуваа со нивни настани и активности.

Вечерта повторно беше резервирана за забава. Mozilla организираше пловење по реката Влтава, а до самиот брод не донесоа историски трамваи резервирани за Mozill-ианците.
Бевме поделени на 4 групи, во зависност од областа за која сакаме да дознаеме повеќе. Имаше дел за девелопери, промотери, локализатори и луѓе кои ќе се грижат за квалитетот на сите Mozilla проекти. Повеќе за тоа како се одвиваше промоцијата можете да видите овде.
Јас присуствував на маркетинг митинзите, каде што во неделата оддржав и говор за активностите на Mozilla Македонија. Се собираа идеи, се раскажуваа настани и се споделуваа искуства. Целиот состанок се одвиваше интерактивно, и сите присутни можеа да го искажат нивното мислење.
Многу се зборуваше исто така и за „Отворениот Интернет“ или познато како „The Open Web“ значењето на слободата на интернетот и како може тоа ние да го зачуваме.

Firefox 3.5 промоција во Скопје и Куманово (05.09.2009)
Дојде и како молња пројде промоцијата на Firefox во Скопје и Куманово!
Мило ми е да Ви соопштам дека и првата Македонска Промоција на Firefox беше оддржана! Иако времето и фудбалскиот натпревар ги обесхрабрија луѓето да ги напуштат своите домови, сепак имаше супер посетеност и на штандот!
Народот се запозна со Firefox, го испробаа, одговараа прашања во врска со него и научија нешто повеќе.
Но нема многу да должам, ќе дозволам сликите да си го завршат своето. (Благодарение на Дамјан Арсовски) Уживајте во презентацијата.