Вклучи се во тимот


Мило ни е што сте заинтересирани да се вклучите во тимот. За да помогнете во работата не се потребни големи компјутерски знаења. Има позиции од различен карактер, за кои што може да прочитате подоле:

 

  1. Локализација
    Локализацијата е една од најважните нешта кај Mozilla. На некои места позната како l10n, локализација претставува преведување и прилагодување на апликации, веб страни и сервиси на други јазици, во случајов на Македонски.
    Доколку имате познавања од англискиот јазик, го владеете македонскиот и сакате да придонесете до преведување на Firefox, Thuderbird, SUMO (онлајн помош) аплицирајте подоле.

  2. Маркетинг
    Како би користеле некој производ ако не знаете за него? Затоа тука е MozillaMK маркетинг тимот кој е специализиран за маркетинг. Од прости емаил кампањи, контакт со сајт админи за поставување на банери или најави за настани, па и до поставување билборди низ Македонија.

  3. Спонзорства
    Секој голем настан е поддржан од Mozilla, но сепак потребни се и надворешни спонзори за да може да се направи целосен. Затоа доколку сте добри во комуникација со луѓе, сакате да помогнете во добивање спонзорства од мали како и големи компании, аплицирајте.

  4. Дизајн
    Мислите дека можете да го промените дизајнот на сајтов? Имате идеи за некои македоски теми за Firefox? Сакате да го дизајнирате наредниот постер, маица или билборд на Mozilla Македонија? Тогаш оваа позициа е токму за вас!

  5. Организирање на настани
    Организација на настани е многу битен дел од маркетинг аспектот, но сепак го издвојуваме бидејќи има доста работа. Од барање на локал, организирање на маркетинг и спонзорства тимовите, транспорт и координација.

  6. Поддршка
    Позната како SUMO, поддршката кај Mozilla вклучува помагање на корисници на IRC каналот, по емаил, на SUMO форумот и вклучување во интернационалниот SUMO тим.

Секако доколку имате нешто друго на ум, можете да алпицирате и да го наведете тоа.

 

Апликација за Mozilla Македони

Име и Презиме*

Вашето име и презиме, за да знаеме со кого комуницираме
Email*

Каде да Ве контактираме?
Област на заинтересираност*
Локализација 
Маркетинг 
Спонзорства 
Дизајн 
Организација на настани 
Поддршка 
Друго (наведете доле) 
Друга облас на
заинтересиранот

доколку одбравте „друго„ во претходното прашање, објаснете овде
Вебсајт

имате ваш личен веб сајт?
Уште нешто да додадете?