FOSDEM:2010


FOSDEM 2010 (05 - 07.02.2010)

За сите оние кои што не се запознаени со FOSDEM, тоа е глобална конференција на девелопери од сите сфери на отворениот софтвер. Конвенцијата се оддржува секоја година во Брисел на универзитетот за информатика. Како и претходните години, Mozilla присуствуваше на овој настан, а Mozilla Македонија им се придружи :)

Еве еден краток опис од 3те дена поминати во Брисел.

повеќе овде...

Firefox 3.6


Firefox 3.6Firefox 3.6 малку подзакасни овој пат, но што да се прави, пола саат чекавме петка али никако да дојде :) Како што викаат во светот на славните, „фенси е да касниш„. Но тоа не е се што е фенси за 3.6 верзијата на Firefox...

Со целосно нов систем за додавање теми познат како Personas, можете да го смените изгледот на Firefox во рок од неколку секунди. Имате избор со повеќе од 30.000 Personas од кои можете да бирате, и да ги нанесете само со еден клик без потреба да го рестартирате прелистувачот. Доколку имате идеа, можете да направите и Ваша Persona и да ја додадете во галеријата.

Покрај изгледот со темите, имa и уште многу новости во Firefox 3.6.

Како за дизајнери, има поддршка на CSS gradients како и WOFF (мали фонтови кои се интегрираат во сајтовите). Ова значи дека ќе може да ги дотерате Вашите страни уште поубаво, и ќе се вчитуваат побрзо од кога било.

Секако Firefox 3.6 е побрз од неговиот претходник Firefox 3.5 за 20%, додека тој беше 3 пати побрз од Firefox 3. Но се разбира дека и со поголема брзина мора да дојде поголема безбедност. Тука стапува во сила проверувачот на вашите плагини, кој детектира дали има нова верзија од нив и ви дозволува да ја симнете и инсталирате.

Firefox 3.6

Но и веб девелоперите не беа заборавени ни малку. Сега може да додадете детекција на ориентацијата на копмјутерот во 3Д светот благодарение на новото API. Исто така можете да ги користите drag&drop функциите како и новото FileAPI во Вашите веб апликации.

За сите оние обожаватели кои сакаат да си го прилагодат нивното искуство на интернет (со преку 6000 додатоци и 30.000 Personas), Firefox 3.6 е за Вас! Превземете го од линковите на Вашата десна страна!

(благодарение до FuzzyFox кој помогна во составување на текстот)

Победници од квизот


Официално заврши Mozilla Квизот, и ги имаме тројцата наши победници! Големи честитки до:

  1. MartinMarkovski
  2. Kuzman0v
  3. macstr1k3r

Наградите победниците ќе ги подигнат во Скопје на договорен датум, и се надеваме дека ќе имаме и слики од натпреварувачите! :)

Syndicate content